Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бразил, Аргентина и другите јужноамерикански селекции се приклучуваат во Лигата на нации

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Во Лигата на нации во своето издание во 2024 година ќе учествуваат и сите 10 јужноамерикански репрезентации. УЕФА и КОНМЕБОЛ се во напредни преговори и веќе се договорени детали околу спојувањето на двете најквалитетни континентални федерации.

Натпреварите би се играле во Европа. Најдобрите шест репрезентации според ефектот во квалификациите за Светското првенство, а тоа моментално се Бразил, Аргентина, Колумбија, Уругвај, Перу и Чиле би играле во најквалитетната Лига А заедно со европските гиганти. Останатите четири репрезентации, како Парагвај, Еквадор, Венецуела и Боливија би играле во Лигата Б.

Со ова, Лигата А од 16 репрезентации би се зголемила на 22, додека Лигата Б би броела 20 репрезентации. Можно е да биде сменет форматот и да се игра по еден натпревар, а не како досега дома/гости.