Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валчак потпиша двегодишен договор со Вардар

/

пред 2273 дена

Сподели преку :

Полскиот репрезентативец Патрик Валчак и официјално е дел од Вардар. Клубот денеска го промовираше најновото засилување на пикерската позиција.

Валчак со „црвено-црните“ се обврза на двегодишна соработка и ќе го носи дресот со бројот седум. Тој ќе им биде конкуренција на капитенот Стојанче Стоилов и на Русинот Хлеб Калараш. Во Вардар доаѓа од германскиот второлигаш Либек, каде ги мина последните две сезони. За Кјлеце играше од 2016 до 2018 година, а претходно беше дел и од Погон Шчечин и Гдањск. За Полската репрезентација има одиграно 39 натпревари.

Вардар минатата недела ги официјализираше потписите на Марко Вујин, македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски, како и Хрватите Анте Гаџа и Јосип Векиќ. Наскоро промоција треба да добијат и Ловро Јотиќ и голманот Робин Кантегрел. Вардар летово се засили и со Томислав Јагуриновски од Металург.