Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар пресилен за градскиот ривал Пролет

/

пред 1815 дена

Сподели преку :

Во дуелот на градските ривали Вардар како гостин го совлада Пролет со 36:25 и ја продолжи победничката низа во домашниот шампионат.

“Црвено-црните” доминираа во текот на целиот натпревар, а домаќинот беше рамноправен ривал до петтата минута кога израмни на 3:3, а потоа првакот со серија од 4:0 целосно ја презема контролата на играта и резултатот за конечен триумф и нови бодови во првенството.

Најефикасни во победничката екипа со по четири гола беа Дибиров, Мишевски, Ѓукиќ, Валчак и Оливие Ниокас додека во редовите на Пролет прв стрелец со седум погодоци беше Џонов, а Аларов впиша четири.

Во Битола, првиот состав на Еурофарм Пелистер беше убедлив во соочувањето со Скопје и славеше со 38:12, а ракометарите на Металург стигнаа до втората победа сезонава откако успеаа да слават со 31:19 во дуелот против Радовиш.

ФОТО: Игор Паневски