Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар ја отвора новата сезона во СЕХА

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар вечерва во Скопје го играат првиот натпревар од новото издание на СЕХА лигата.

Противник на “црвено-црните” на почетокот од регионалното натпреварување е Нексе, а дуелот ќе се одигра во СЦ Јане Сандански и почнува во 18 часот.

Поранешниот европски и регионален шампион во новата 2022 година влегува со ново име на тренерската позиција, а повратникот во редовите на Вардар, Давид Дејвис на новата функција ќе дебитира токму вечерва во соочувањето на претставникот од Хрватска.

“Со натпреварот против Нексе ја отвораме оваа 2022 година, и почнуваме со навистина тежок ривал, што го респектираме. Нексе секогаш имал добар тим, и тренер кој навистина го ценам. Нам ни треба секако повеќе време за да бидеме подобро подготвени, бидејќи откако дојдов немавме тренинг со целата екипа. Поради настап на ЕП ни недостасуваа повеќе играчи, и само неколку денови бевме комплетни. Но, секако се надевам ќе одиграме добро”, изјави Дејвис.

ФОТО: РК Вардар