Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велковски: Да играме на високо ниво и да ја продолжиме победничката серија.

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

По скоро два месеци пауза продолжуваат натпреварите во ракометната Лига Европа. Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер утре му гостува на директниот конкурент за освојување на првото место Ним.

“Мислам дека нè чека тежок натпревар, бидејќи Ним е квалитетна екипа и тоа го покажа низ Европската лига. Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добро и сме се подобри и подобри и се надевам дека ќе ја продолжиме нашата серија. Мислам дека заслужено ја направивме залихата во групата, бидејќи навистина добро  игравме. Ни следат и домашни натпревари во Европската лига, целиме на победи и на тие натпревари и се надеваме на подобар пласман на минатогодишниот во групната фаза”, изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски.