Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вториот тим на Еурофарм Пелистер пресилен за Металург

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Во домашниот ракометен шампионат денеска се одиграа три средби. Вториот состав на Еурофарм Пелистер беше пресилен за Металург, кој допатува само десет ракометари на дуелот во Битола забележа убедлива победа од 39:23.

Бранителот на титулата Вардар на чија клупа место Веселин Вујовиќ седеа Владо Недановски и Стојан Петрушевски славеше со 33:26 во соочувањето со Охрид додека во последниот натпревар од денешната програма Прилеп го совлада Пролет со 27:24.

Вчера првиот тим на Еурофарм Пелистер беше убедлив на гостувањето во Струга и забележа победа од 31:22 додека Тиквеш ги освои бодовите во мечот со Бутел совладувајќи го со 29:25.

Колото ќе се комплетира утре со мечот меѓу Скопје и Радовиш.