Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар, правевме премногу грешки

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Македонскиот првак Вардар со поразот на гостувањето против Загреб од 23:22 ја продлабочи резултатската криза во Лигата на шампионите и двојниот европски шампион го забележа седмиот последователен пораз во елитното натпреварување.

“Во овој меч влеговме со многу надеж дека можеме повеќе. Загубивме добиен натпревар, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа. За седум дена чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро”, изјави тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.