Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данска и Франција продолжија со победничката низа

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

Денеска на програмата беа натпреварите од првото коло во главната рунда од Европското првенство во ракомет.

Вториот дел од шампионатот почна со сензационален триумф на Црна Гора од 32:26 во дуелот против Хрватска која по овој пораз дефинитивно ги губи шансите за одбрана на среброто од пред две години.

По попладневниот термин Франција беше убедлива во дуелот против Холандија и славеше со 34:24 додека во дербито на вечерта Данска го совлада Исланд со 28:24.

Во втората група во првиот меч Шведска забележа победа од 29:23 во дуелот со Русија, Шпанија без поголеми проблеми ја совлада Германија со 29:23, а најубедливата победа ја забележа Норвешка која славеше над Полска со 42:31.

Утре се играат натпреварите од второто коло во главната рунда од групата 2. Од 15 и 30 часот Шпанија игра против Русија. За 18 часот закажано е соочувањето меѓу Шведска и Полска, а во вечерниот термин од 20:30 играат Германија и Норвешка.

ФОТО: Игор Паневски