Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договор за почеток на сезоната во Премиер лигата

/

пред 2263 дена

Сподели преку :

Според написите во британските медиуми, членовите на Премиер лигата в петок ќе одржат состанок на кој ќе се донесе одлука за точниот датум на почеток на новата сезона.

Неофицијално постои начелна согласност натпреварувањето да стартува на 12 и 13 септември. Најголем проблем околу утврдувањето на календарот се термините за Лига купот бидејќи се уште не се објавени датумите кога би се играле мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа, а дополнително загрижува и фактот дали воопшто ќе има слободни термини за одигрување на евентуалните втори дуели од националниот куп бидејќи според правилата доколку првиот дуел заврши без победник вториот се игра на теренот на гостинската екипа.

Премиер лигашите ќе разговараат и за евентуалните промени на правилата за користењето на ВАР системот.