Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дозволени натппреварите во екипните спортови

/

пред 2286 дена

Сподели преку :

Од денеска во Македонија може да се одржуваат натпревари во колективните спортови, а секоја асоцијација мора да изработи протокол за натпреварување, кои спортистите и клубовите мора да ги почтиуваат.

“На денешната седница, Владата донесе одлука со која престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите“, се вели во соопштението на Владата.

Во моментов познат е почетокот на фудбалското првенство кој е закажан за 9 август, а се очекува во септември да се одржат ракометниот турнир во Струга и старт на националните шампионати во ракомет во машка и женска конкуренција како и првенствата во кошарка и одбојка.