Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дуел на поранешните АФКОН шампиони

/

пред 1727 дена

Сподели преку :

На Купот на Африкански нации денеска се играат четири натпревари. На отворањето на денешната програма Сенегал ќе се соочи со Зимбабве, а почетокот е закажан за 14 часот.

Најголем интерес во денешната програма привлекува дуелот во Ц конкуренцијата во кој се среќаваат поранешните континентални шампиони Гана и Мароко на чии клупи седат познати имиња од овие простори Милован Рајевац и Вахид Халилхоџиќ.

Мароканците кои немаат пораз од 2019 година на овој турнир нема да настапат во најсилен состав откако Халилхоџиќ се реши да не го повика Хаким Зиех од Челзи, а поради повреда не настапува дефанзивецот на Ајакс, Нусар Мазрауи, но затоа на располагање ги има Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен, Абделсамед Езаизули од Барселона и клучните играчи на Севилја, Мунир Ел Хадади, Јусег Ел Несри и Јасин Бону.

На спротивната страна во составот на Рајевац ударно треба да биде премиер лигашкото трио Томас Парти, Даниел Амарти и Џордан Ају.

Покрај дербито на денот на програмата се и дуелите Гвинеја – Малави кој исто така почнува од 17 часот, а за 20 е закажан почетокот на мечот Коморски Острови – Габон.

ФОТО: Игор Паневски