Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување: Победа против Партизан во Белград

/

пред 1700 дена

Сподели преку :

Пелистер ја отвори резоната во СЕХА-лигата со победа од 25-23 на гостувањето кај Партизан во рамки на Групата А.

Битолчани го контролираа резултатот во првото полувреме во кое водеа со највисоки +5 голови разлика, а на полувремето беше 10-13. И во вториот дел нашиот вицепрвак тргна добро и брзо ја врати најубедливата предност со 11-16. Потоа следуваше мало опуштање, што Партизан го искористи за да израмни на 19-19. Сепак, Еурофарм Пелистер покажа квалитет и искуство во финишот па брзо се одлепи на 21-25 и го заклучи натпреварот за конечни 23-25.

Матео Мараш со седум голови беша најдобар во нашиот тим, додека Елмир Граџан постигна пет, а голманот Мартон Секели имаше девет одбрани.