Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забраната останува само за играчи на Рома и Лацио

/

пред 2154 дена

Сподели преку :

Според последните информации од Италија по вчерашната забрана за настап во националните тимови за играчите од Сасуоло, Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио и Рома денеска има нови моменти и на крајот таа ќе остане да важи само за фудбалерите на двата клуба од Рим.

Марцело Брозовиќ и Иван Перишиќ веќе и се приклучија на селекцијата на Хрватска. Фудбалерите од Сасуоло на репрезентациите ќе им се приклучат утре, а истото важи и за фудбалерите на Интер, Фиорентина и Џенова.

Тоа значи дека нема да има проблем и Горан Пандев да пристигне во Македонија и да биде дел од националниот тим во клучниот натпревар за пласман на Европското првенство.