Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИОК им помага на украинските спортисти

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Интернационалниот олимписки комитет најави дека од солидарниот фонд ќе уплати сума која ќе и помогне на Украина во следниов период да им помогне на спортистите и нивните семејства кои се во најтешка ситуација по агресијата од страна на Русија.

Станува збор за сума од 200.000 долари која ќе биде префрлена како помош за Украинскиот олимписки комитет кој потоа ќе ги дистрибуира средствата. Најголемиот дел од нив ќе се искористат за финансирање на евакуација на спортистите и нивните семејства од деловите на земјата кои се наоѓаат во најтешка ситуација, а дел ќе се искористи како хуманитарна помош.

Интернационалниот олимписки комитет најави и дополнителни средства кои ќе се искористат за финансирање на подготовки за настап на спортистите од Украина на претстојните големи натпреваувања, а првата помош ќе биде упатена до 18 атлетичари кои веќе еден месец се наоѓаат во Турција и се подготвуваат за учество на Светското пренство во сала кое следната недела почнува во Белград.