Формула 1 донесе одлука Катар да биде домаќин на една трка од Светскиот шампионат и таа ќе биде замена за откажаната Голема награда на Австралија.
Катарското Гран при ќе се одржи од 19 до 21 ноември, а како што известуваат од Формула 1, оваа трка ќе влезе во календарот од 2023 година откако со организаторите е потпишан договор на 10 сезони.
На патеката Лусаил во близина на Доха веќе 17 години се одржуваат трките од Светскиот шампионат во мотоциклизам.











