Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киријос и Кокинакис за нов трофеј на домаќините

/

пред 1709 дена

Сподели преку :

Ник Кириос и Танаси Кокинакис го освоија трофејот во игра на двојки и ја заокружија доминацијата на домашните тенисери на Отвореното тениско првенство на Австралија.

Кириос и Кокинакис во домашното финале во два сета беа поуспешни од сонародниците Метју Ебден и Макс Пурсел совладувајќи ги со 7:5 и 6:4 и на Австралија и го донесоа првиот трофеј во оваа конкуренција по пауза од 25 години.

Победничкиот двоец е прв по 2012 година кој успеал да стигне до победата на турнирот, а настапот да го обезбеди по покана на организаторот.

За Кириос и Кокинакис ова е втор Гренд слем трофеј во Австралија откако заедно беа шампиони во јуниорска конкуренција.