Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Корне до прво четвртфинале во Мелбурн

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Француската тенисерка Ализе Корне обезбеди пласман во четврт-финалето на Австралија опен откако славеше во мечот против поранешниот светски рекет број 1, Симона Халеп.

Корне никогаш во својата кариера во Мелбурн не успеала да се пласира подалеку од третото коло, а сега е во позиција да се бори за трофејот на првиот Гренд слем во сезоната.

Французинката за влез меѓу четирите најдобри ќе се соочи со Даниел Колинс која во три сета славеше над Елиз Мертенс.

Место во четврт-финалето обезбеди и Ига Свјонтек која беше поуспешна од Романката, Сорана Кристеа.

Кај мажите Феликс Оже Алиасим славеше во дуелот против Марин Чилиќ. Вториот фаворит Данил Медведев во четири сета го совлада Максим Креси додека Италијанецот, Јаник Синер триумфираше над домашниот тенисер Алекс Де Минаур.