Еурофарм Пелистер денеска остана без еден од своите најдобри играчи Томислав Кушан, кој кариерата ќе ја продолжи во германски Вецлар.
Бундеслигашот ја платил откупната клаузула на пикерот во договорот со битолчани, што истекуваше во јуни 2022 година. Хрватот веќе заминал во Германија на медицински прегледи по што треба да потпише договор со Вецлар.
Кушан дојде во Еурофарм Пелистер минатата сезона и веднаш се промовираше како прв избор на пикерската позиција и еден од најдобрите во тимот.











