Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул со загуба од 4,8 милиони фунти

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Ливерпул го објави финансискиот извештај за минатата сезона според кој клубот од Енфилд бележи загуба од 4,8 милиони фунти.

Во извештајот се потенцира дека и во минатата сезона се бележат намалени приходи, а како главна причина се наведува пандемијата и строгите рестриктивни мерки поради кои беше намален приливот на средства од продадени влезници.

Сепак во клубот се задоволни од финансиските резултати бидејќи 12 месеци претходно вкупната загуба изнесуваше 41 милион. Најголемите приходи се бележат од телевизиските права и спонзорските договори, а сумата по овие ставки достигна скоро половина милијарда фунти.