Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лига Европа почнува во август

/

пред 2263 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска федерација ги објави термините за одигрување на натпреварите во Лига Европа до крајот на годинава.

Според календарот прелиминарната рунда на програмата е на 20 август. Првото квалификациско коло ќе се игра една недела подоцна, а второто е предвидено за 17 септември додека третата рунда е закажана за седум дена.

Решавачките дуели за влез во фазата по групи ќе се играат на први октомври. Фазата по групи почнува на 22 октомври, второто коло на програмата е на 29, а 5 и 26 ноември се термините за одигрување на третата и четвртата рунда.

Завршните две кола од фазата по групи ќе се играат на трети и десети декември.