Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мемфис и Портланд за последното место во разигрувањето

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Вечерва ќе се одигра еден од можните два дуели меѓу Портланд и Мемфис по кои ќе бидат познати сите учесници во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

За влез меѓу осумте најдобри на Портланд му е потребна само една победа и доколку вечерва во мечот кој почнува во 20 часот и 30 минути вториот дуел предвиден за утре нема да се игра. За пласман во разигрувањето на Мемфис му се потребни два триумфи.

Од понеделник во Орландо почнува битката за шампионскиот трофеј во НБА лигата. Поуспешниот од соочувањата  меѓу Портланд и Мемфис ќе се сретне со Лос Анџелес Лејкерс, а во првата рунда на Западот играат уште Хјустон – Оклахома, Лос Анџелес Клиперс – Далас и Денвер – Јута.

Додека во Источната конференција во првото коло се среќаваат Милвоки – Орландо, Мајами – Индијана, Торонто – Бруклин и Бостон – Филаделфија.