Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Металург отпатува за Франција на дуел против Тулуз

/

пред 2175 дена

Сподели преку :

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, Металург денеска отпатува за Франција каде утре од 20:45 часот ќе го одигра првиот дуел од фазата во групи против Тулуз.

Нашите ракометари ги очекува долг пат, поради лошите авионски врски со Тулуз, Металург од Белград преку Париз  ќе пристигне во францускиот град каде вечерва треба да го одржи единствениот тренинг.

Тренерот Зоран Кастратовиќ за овој меч нема да може да смета на Мартин Серафимов кој има позитивен тест на коронавирус и тој остана во Скопје.

Вториот претставник од Македонија во ова натпреварување, Еурофарм Пелистер во првото коло ќе паузира откако натпреварот со Татабања е одложен поради позитивни играчи на Ковид-19.