Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ го задржа Олуџоби за следната сезона

/

пред 2273 дена

Сподели преку :

МЗТ Скопје полека се екипира за следната сезона, а клубот денеска ја обнови соработката со крилниот центар Феми Олуџоби.

Американецот изминатава сезона одигра само пет натпревари за тимот од скопски Аеродром откако пристигна во февруари, но ги импресионираше сите со своите настапи во АБА2-лигата и домашното првенство. Затоа раководството на МЗТ со крилниот центар потпиша договор на уште година со можност истиот да биде продолжен и за следната сезона.

Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата со просек од 16 поени и осум скока, како и на два меча во Првата лига во кои просечно реализираше 16,5 поени и пет скока. Пред да дојде во „Јане Сандански“, тој неколку месеци одигра во Литванија и тоа за екипата на Лиеткабелис, а претходно настапуваше во во американската колеџ лига.

МЗТ претходно ги обнови договорите со капитенот Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко, а како засилувања дојдоа Филип Бакоч и Адем Мекиќ, додека од ланскиот ростер тука се уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.