Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата сезона во ЛШ стартува на 20 октомври

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

УЕФА денеска ги објави датумите за старт на идната сезона во Лигата на шампиони. Европската куќа на фудбалот го потврди одложениот старт на новата сезона.

Првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони ќе стартува на 20 октомври, а последното ќе се одигра на 8/9 декември 2020 година. Нокаут фазата треба да почне на 16/17 февруари 2021 година, а осминафиналето треба да се комплетира кон средината на месец март.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат 6/7 април, а реваншите ќе бидат една недела подоцна. Полуфиналињата на програмата се на 27/28 април, а реваншите на 4/5 мај. Финалето е закажано за 29 мај во Истанбул.

Стадионот „Ататурк“ требаше да биде домаќин на големото финале оваа година, но поради пандемијата од коронавирусот, УЕФА донесе одлука Лигата на шампиони да заврши со фајнл-ејт турнир во Лисабон.