Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворено олимпиското село во Јанкинг

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Организаторот на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг во февруари следната година официјално го отвори и третото Олимписко село.

Јанкинг е област што се наоѓа 75 километри од кинеската престолнина и тука ќе се одржат натпреварувањата во алпско скијање, боб, скелетон и санкање.

Во непосредна близина на борилиштата за овие спортови сместено е едно од трите олимписки села во кое ќе бидат сместени околу 1500 натпреварувачи и членови на делегациите.

На неполни два месеци отворени се сместувачките капацитети, а веднаш по отворањето се тестираше функционалноста на објектите од пријавувањето до заминувањето на борилиштата.

Во текот на тестирањето учествуваа 360 доброволци кои му помогнаа на персоналот да се подготви што е можно подобро за пристигнувањето на спортистите, а се со цел да се избегнат евентуални проблеми, но и да се отстранат сите недостатоци.

Слични тестирања на функционирањето на системот се направени во олимписките села во Пекинг и областа Жанг Џиа Ку каде ќе бидат сместени останатите учесници на Олимписките и Параолимписките игри.