Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откажани АТП и ВТА турнирите во Њупорт

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Тениската асоцијација на САД донесе одлука да ги откаже АТП и ВТА турнирот во Њупорт. Основна причина е лошата епидемиолошка состојба во земјата, а во соопштението се наведува дека асоцијацијата целосно се фокусира на организацијата на УС Опен и дека нема доволно логистички и финансиски ресурси да се посвети на останатите турнири во земјата.

Иако состојбата со епидемијата во САД е загрижувачка, тениската асоцијација нема намера да го откаже Гренд слем турнирот кој треба да почне на 31 август иако голем број тенисери најавија дека нема да патуваат во Њујорк поради големиот број на инфицирани луѓе со Ковид 19.