Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Позитивни на Ковид 19 во НФЛ

/

пред 2248 дена

Сподели преку :

Од почетокот на подготовките за старт на новата сезона во НФЛ лигата забележани се 56 позитивни резултати на Ковид 19.

Тренинг камповите се отворени од 28 јули и според протоколот договорен пред почетокот на подготовките задолжително е тестирањето на неколку дена и до овој момент резултатите се загрижувачки.

Според договорот во раните утрински часови истекуваше рокот за пријавување на играчите кои поради грижата за своето здравје не сакаат да настапат за своите тимови во шампионатот кој почнува на 10 септември.

До овој момент пријавени се 60 фудбалери и тие наместо платата во договорот ќе добијат еднократна помош во износ од 150.000 долари додека играчите кои мора да се откажат поради проблеми со хронични болести како што се астма или дијабетес тип 2 ќе добијат сума од 350.000 долари.