Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познат почетокот на АБА 2 лигата, пеколен распоред за екипите

/

пред 2161 дена

Сподели преку :

Конечно раководството на АБА лигата ја објави одлуката околу системот на одигрувањето на натпреварите во второто по ранг регионално натпреварување во кое Македонија има два претставника, МЗТ Скопје и Работнички.

Барем за почеток објавен е терминот на одигрување на првиот од трите турнири што ќе се организираат во различни градови во регионот. На крајот од првиот дел на АБА 2, првите осум состави ќе ја продолжат битката во разигрувањето за титулата додека останатите ќе играат мечеви за опстанок.

Домаќин на првиот ќе биде екипата на Златибор од Чаетина, а натпреварите во Србија ќе се играат во периодот од 9 до 18 ноември и тимовите ќе одиграат по четири дуели.

Во втората АБА лига се натпреваруваат 14 клуба, а екипите преку два дена ќе одиграат по еден меч. Во првото коло на 9 ноември Работнички за противник го има Студентски центар, а почетокот на мечот е закажан за 17 часот додека следниот ден во истиот термин МЗТ Скопје ќе се соочи со Подгорица.

Во продолжение и распоредот на натпреварите на македонските тимови на првиот турнир.

 

  1. КОЛО

09.11. РАБОТНИЧКИ – СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР                     17:00 ч

10.11. МЗТ СКОПЈЕ – ПОДГОРИЦА                                          17:00 ч

 

  1. КОЛО

12.11. РАБОТНИЧКИ – ПОДГОРИЦА                                       17:00 ч

12.11. МЗТ СКОПЈЕ – СУТЈЕСКА                                                  21:00 ч

 

  1. КОЛО

14.11 РАБОТНИЧКИ – ЛОВЌЕН                                                   15:00 ч

15.11. МЗТ СКОПЈЕ = ШИРОКИ                                                 15:00 ч

 

  1. КОЛО

16.11 РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ ЗЕМУН                              21:00 ч

18.11 МЗТ СКОПЈЕ – БОРАЦ БАЊА ЛУКА                              17:00 ч