Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнаа подготовките за СП во атлетика во сала

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Светската атлетска федерација ги потврди термините на серијата митинзи со кои почнува новата сезона, а воедно е и дел од подготовките на натпреварувачите за Мундијалот што ќе се одржи во Белград.

Првиот митинг од Светската серија во сала ќе се одржи на 28 јануари во Карлсруе, а потоа следуваат две натпреварувања во Њујорк по што атлетичарите се враќаат во Европа и до почетокот на Светското првенство во сала ќе настапуваат во Лувен, Биримингем, Торун и Мадрид.

На програмата ќе бидат вкупно 12 дисциплини, по шест во машка и женска конкуренција. На поголемиот дел од митинзите познати се и учесниците, а меѓу нив ќе има големи имиња како што Арман Дуплантис, Кели Хоџкинсон, Рајан Краузер, Кети Нагеоте, Трајвон Бромел.

Најуспешните атлетичари во секоја дисциплина ќе добијат награда од 10.000 долари и ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство во сала што ќе се одржи во Белград во периодот од 18 до 20 март.