Во последната дисциплина од денешната програма домаќинот успеа да го освои првиот златен медал. Мешаната штафета на Кина во брзо лизгање на куси патеки триумфираше пред Италија, а трета низ целта мина Унгарија.
Првото злато за Шведска го освои Валтер Валберг во дисциплината могул. Тој во решавачката битка за трофеите беше поуспешен од досегашниот олимписки шампион, Канаѓанецот, Мајкл Кингсбери, а трет беше Икума Хирошима од Јапонија.











