Вториот светски рекет,Рафаел Надал преку објава на твитер порача дека нема да настапи на Грен Слемот во Њујорк.Шпанецот објасни дека не се чувствува безбедно поради пандемијата,одлука што не сакал да ја донесе но решил да го послуша срцето.Лани во финалето Надал беше подобар од Данил Медведев и стигна до 19 ГС трофеј во кариерата.Покрај шпанецот ,турнирот го пропушта и Роџер Федерер што ќе биде и прв Грен Слем без двајцата тенисери година од 1999 година.











