Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекордно ниска гледаност на преносот од финалето во НБА

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Финалното соочување за титулата во НБА лигата меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами бележи рекордно ниска гледаност.

Директниот пренос од првиот меч го следеле 7,41 милион гледачи со што е соборен 17 години стариот рекорд од осум милиони кој е регистриран на третиот натпревар од финалето во 2003-тата во кое се сретнаа Сан Антонио и Бруклин.

Ако се земе в предвид минатогодишното финале меѓу Торонто и Голден Стејт, падот на гледаноста изнесува 45 проценти.

Падот на интересот на гледачите очигледно станува тренд во САД бидејќи финалето во НХЛ лигата имаше намалување на гледаноста од 60 проценти.