Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рутинска победа,Македонија-Финска 33-24 за старт на квалификациите

/

пред 2159 дена

Сподели преку :

 

Селекторот Данило Брестовац и неговите избраници со триумф од  33-24   го завршија 1.коло од новиот циклус квалифиакции.Разликата во квалитет,нашиот состав ја потенцираше во првиот дел.После воведниот период и резултат 5-5,серијата на Македонија од 5-0 овозможи солидна предност кај беше надградена до полувремето за 16-10.Во вториот дел,после  водството  од + 10,  24-14, видовме повеќе ротации во нашиот тим.Брестовац ги повлече главните играчи на клупа,но немаше поголеми проблеми во одржување на резултатот за финална победа од 33-24.Капитенот  Кире Лазаров беше најдобар стрелец на натпреварот со 11 погодоци, шест постигна Кузмановски, а по четири погодоци реализираа  Маџовски и Пешевски.Во   второто коло на 7. ноември, нашиот состав гостува кај Швајцарија.