Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Селтик можен противник на Силекс во третото коло

/

пред 2224 дена

Сподели преку :

Утре во Нион ќе се одржи жрепката за третото квалификациско коло, а нашите претставници ги добија можните противници доколку во втората фаза успеат да ги елиминираат своите ривали.

Силекс во втората рунда игра против Дрита на домашен терен о доколку успее да ја мине оваа пречка во третото коло можни противници му се Селтик, Легија Варшава и литванскиот првак Судува.

Шкендија и во второто коло гостува и ќе се соочи со романскиот состав Ботошани и ако успее да го совлада противникот како можни ривали на тетовци се Ростов и победниците од натпреварите Бала Таун (Велс) – Стандард Лиеж и Локомотив Пловдив – Тотенхем.

Иако игра на домашен терен најтешка задача во второто квалификациско коло има Ренова, која ќе се соочи со сплитски Хајдук. Ако нашиот претставник успее да забележи победа во третата рунда како можни противници се Викторија Плзен и победниците од натпреварите Нефчи – Галатасарај, ЦСКА Софија – БАТЕ Борисов и Кајсар (Казахстан) – АПОЕЛ (Кипар).