Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефановски не ја заврши првата трка во Имола

/

пред 2226 дена

Сподели преку :

Еден пех беше доволен Игор Стефановски во првиот настап во италијанскиот TCR шампионат да не стигне на целта и да остане без пласман.

Стефановски одлично ја отвори трката и по само неколку круга успеа да се искачи на четвртото , а потоа и да стигне до третата позиција.

За жал во шестиот круг Стефановски на еден свиок излета од патеката и мораше предвреме да го заврши првиот настап во Имола.

Првото место во денешната трка му припадна на Феличе Џелими, а на подиумот се искачија уште Дамијано Редуци и Ерик Бриљадори. Стефановски утре има нова шанса за висок пласман, но задачата ќе биде тешка со оглед на фактот дека ќе стартува од последниот ред.

Втората трка во Имола ќе се вози утре од 11 часот и 35 минути и ќе можете да ја следите низ директен пренос на нашата програма.