Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Талески: Потребно е да ги намалиме грешките

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Ракометарите и во третиот контролен натпревар пред заминувањето за Унгарија и настапот на Европското првенство забележаа победа. Овој пат совладан е Израел со 31:28.

“Мислам дека прво би кажал дека мораме побрзо да се враќаме назад, мислам дека тоа ни беше слаба точка на овој натпревар. Она што го анализиравме, се оствари, цело време натпреварот беше турбулентен. И во нападот имавме доста технички грешки, тоа треба да го намалиме на една или две по натпревар, но тоа се работите што треба да ги подготвиме. Добро сме спремни, можеме да трчаме, но таа навика за враќање назад треба да се подобри до стартот на ЕП”, изјави Филип Талески по првиот дуел со Израелците.

Нашата селекција продолжува со подготовките, а како дел од нив е и вториот дуел со Израел што ќе се одигра попладнево од 18 часот, кој исто така е затворен за јавноста.

ФОТО: Игор Паневски