Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дибиров во идеалниот тим, Митревски со најдобра одбрана

/

пред 1802 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар не успеаа да ја прекинат серијата порази, но Тимур Дибиров за настапот во дуелот против Кил е награден со место во идеалната постава на шестата рунда од елитното натпреварување.

Крилото на “црвено-црните” на мечот против гостите од Германија постигна десет погодоци и со право се најде во идеалниот тим за ова коло во шампионската лига.

Во изборот на најдобрите место имаше и за голманот на Порто и македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски чија одбрана на мечот против Барселона е прогласена за најдобра во ова коло од Лигата на шампионите.