Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајковски ја шокираше Италија: Македонија е во финале за СП 2022

/

пред 1660 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во големото финале од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година откако вечерва со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај европскиот шампион Италија.

Херој на Македонија беше Александар Трајковски, кој го постигна победничкиот гол во 92.минута од натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Во финалниот бараж натпревар Македонија ќе се соочи со Португалија на гостински терен, откако оваа репрезентација вечерва ја победи Турција со 3-1.

Македонија го одигра натпреварот со стабилна и гранитна одбрана. Италијанците имаа 5 директни удари на голот, но Столе Димитриевски ги премисли азурите од помислата на погодок.

Тимот одлично го водеа капитенот Ристевски и искусниот Алиоски, иако сите репрезентативци беа дел од машинеријата која по рецептот на селекторот Милески го елиминираше европскиот шампион.

Пожртвуваните македонски репрезентативци успеаја да блокираат дури 16 удари кон голот. Од два упатени удари на Трајковски во рамките на голот на Донарума, вториот беше прецизен и ја предизвика најголемата сензација во квалификациите за Катар 2022.