Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА со барање за промена на правилото за пенал

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска федерација денеска и официјално испрати писмо до ФИФА со барање за измена на правилото за досудување пенал по играње со рака во просторот од 16 метри.

“Сегашното правило стриктно да се санкционира играњето со рака кога таа не е залепена за телото на играчот придонесе за многу контроверзни одлуки кои предизвикуваат бурни реакции не само ја играчите туку и во целата фудбалска јавност”, пишува во писмото кое претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го упати до ФИФА.

Првиот човек на европскиот фудбал бара да се врати старата формулација во правилото според која судиите сами решаваат дали играњето со рака влијае или не врз продолжението на играта.

Иако се уште нема официјална потврда барањето на УЕФА ќе се разгледува во текот на овој месец кога е закажан состанок на Меѓународниот борд на фудбалските асоцијации кој ги регулира правилата на фудбалската игра.