Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Успешно опериран поранешниот победник на Тур Д’Франс

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Колумбискиот велосипедист Еган Бернал успешно е опериран во една болница во Богота откако во понеделникот имаше тешка несреќа кога возејќи велосипед удри во задниот дел на автобус.

Дваесет и пет годишниот победник на велосипедската трка околу Франција во несреќата имаше тешка фрактура на карлицата и повреди на коленото по што лекарите мораа да извршат неколку хируршки зафати.

Од болницата во Богота соопштија дека Бернал во следните три дена ќе мине на одделот за интензивна нега, а неговата здравствена состојба во моментов е стабилна.