Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре ново тестирање во Лацио

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Лацио соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе се организира тестирање на целата екипа и во клубот веруваат дека сите фудбалери ќе имаат негативен резултат и дека на мечот против Јувентус ќе се настапи во комплетен состав.

Дел од медиумите во Италија ја појаснуваат целата ситуација со различните резултати на тестирањата што ги организираат УЕФА и Фудбалската федерација.

Примарната разлика е во Н гените кои предизвикуваат контроверзи во резултатите и поради кои тројца фудбалери на Лацио не можеа да настапат во Лигата на шампионите, а беа во тимот на дуелот со Торино.

Првиот човек на лабораторијата во Авелино која ги анализира тестовите за домашното првенство, Масимилијано Таконе потенцира дека нема никаква грешка во резултатите и дека сите играчи на Лацио кои настапиле на натпреварот против Торино биле негативни.