Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФИБА ги номинираше Мекејлеб, Антиќ и Илиевски за најдобра петорка на ЕП од малите земји

/

пред 2273 дена

Сподели преку :

ФИБА номинираше тројца македонски кошаркарски репрезентативци во изборот за најдобра петорка на Европските првенства во изминативе 20 години од малите земји, кои не се закитиле со медал.

Перо Антиќ, Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб се најдоа помеѓу 16-те номинирани кошаркари, а фановите ќе можат да гласаат преку официјалната интернет страница на фиба. Светската куќа на кошаркарта со ова сака да им оддаде признание на оние кошаркари кои оставија голем белег на Европските првенства изминативе две декади, но нивните репрезентации не стигнаа до одличје.

Македонската кошаркарска репрезентација имаше неверојатен и историски настап на Европското првенство во 2011 година, кога го освоивме четвртото место во Литванија, елиминирајќи ја домашната селекција во четвртфиналето.

Меѓу останатите номинирани се Предраг Дробњак, Никола Вучевиќ и Никола Пековиќ од Црна Гора, потоа тука е и Мирза Телетовиќ (БиХ). Луол Денг (В. Британија), Лаури Марканен, Петери Копонен (Финска), Адам Ханга (Унгарија), Јон Стефансон (Исланд), Сем Ван Росом (Белгија), Марцин Гортат (Полска) и Јонас Јеребко и Џефри Тејлор (Шведска).