Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фитипалди замена за Гросжан

/

пред 2133 дена

Сподели преку :

Тимот на Хас потврди дека Бразилецот, Пјетро Фитипалди ќе биде замената за Роман Гросжан на следната трка од Светскиот шампионат во формула 1 која исто така ќе се вози на патеката во Бахреин.

“Ромен минатата ноќ ја мина во болница, лечењето на изгорениците оди според планот и се очекува утре да биде пуштен на домашно лекување”, се вели во соопштението што го објави тимот.

Гросжан на вчерашната трка уште на стартот по контактот со Данил Квјат излета од патеката, а неговиот болид се запали, но за среќа Французинот мина со полесни повреди и има само изгореници на рацете.