Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Македонските кадети се пласираа во финалето

/

пред 1879 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација до 19 години се пласираше во финалето на Б Европското првенство што се одржува во Скопје. Избраниците на Кире Лазаров по голема борба и по изведување на удари од седум метри ја совладаа Швајцарија со 34:33.

По шеесет минути жестока борба на теренот на А1 арената Борис Трајковски резултатот беше 28:28.

Противник на репрезентацијата на Македонија во неделното финале ќе и биде селекцијата на Полска која славеше над Босна и Херцеговина со 41:29.

ФОТО: Игор Паневски