Денеска во Белград почна Светското првенство во атлетика во сала. Во претпладневната програма се одржа една финална дисциплина.
Во машки трискок триумф на Кубанецот, Лазаро Мартинез кој прескокна 17 метри и 64 сантиметри што е ново најдобро постигнување во светот за оваа година. Втор е Педро Пачадо од Португалија, а со бронзата се закити Американецот, Доналд Скот.
ФОТО: Игор Паневски


























