Во последниот натпревар од вториот круг од Фудбалскиот шампионат на Македонија, Работнички на арената Тодор Проески во Скопје ја совлада Шкендија со 2:1 и ја прекина низата порази во соочувањата со тетовскиот клуб.
Домаќините поведоа со голот на Марио Станковски во 21-та минута. Само четири минути подоцна Аденис Шала израмни на 1:1, а победата на Работнички му ја донесе Анес Рушевиќ во 59-тата минута.
ФОТО: Игор Паневски


















