Македонската машка ракометна репрезентација на почетокот од квалификациите за Европското првенство триумфираше против Финска со 33:24.
Прв стрелец во нашиот состав со 11 гола беше капитенот Кире Лазаров, Филип Кузмановски постигна шест, а Бојан Маџовски и Жарко Пешевски по четири пати ја затресоа мрежата на противникот.
Двајцата голмани Никола Митревски и Мартин Томовски заедно комбинираа 13 интервенции.
ФОТО: Игор Паневски






















