Кошаркарската репрезентација на Грузија пред почетокот и по завршувањето на натпреварот со Македонија во Скопје и даде поддршка на Украина која се соочува со агресија од страна на Русија.
Грузијците за време на интонирањето на химната во знак на поддршка го истакнаа и знамето на Украина, а поддршка на украинскиот народ дадоа и при прославата на победата на во А1 арената Борис Трајковски во Скопје.
ФОТО: Игор Паневски













