Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа вториот тренинг пред саботниот дуел од Лигата на нации против Ерменија.
Селекторот Игор Ангеловски на располагање ги имаше сите фудбалери, а утре се очекува да пристигне Мартин Богатинов, кој е дополнително повикан во тимот откако Столе Димитриевски поради позитивен тест на Ковид 19 не допатува во Скопје.
ФОТО: Игор Паневски






















