Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Французите без селекторот Жил

/

пред 1716 дена

Сподели преку :

Во пресрет на дуелот против селекцијата на Исланд, Франција во следните денови ќе остане без селекторот Гијом Жил кој на последното тестирање имаше позитивен резултат на инфекција со корона вирусот и тој во следните пет дена ќе мора да замине во изолација.

Тој порача дека во моментов нема никакви симптоми и дека се наоѓа во добра здравствена состојба, но нема да биде на клупата на националниот тим до крајот на главната рунда и ако се биде во ред Жил ќе се врати доколку Триколорите обезбедат пласман во полуфиналето.

До враќањето на Жил националниот тим ќе го води неговиот помошник Ерик Мате.